Ѓубре
Автор:
Ирвин Велш
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Gnój |
Бр. на страни:
423 |
Димензии:
200x130
|
Корица:
/
Добитник на највисоката награда во Полска НИКЕ. Бестселер, неколкупати наградуван роман и преведен на над 15 јазици.
„Ѓубре“, кој има поднаслов „Антибиографија“, е сурова приказна за трагедијата на едно дете, за семејната бруталност, страдањето и тешкото детство. Во хуморот има тага, во трагедијата – комедија, во гротеската – фарса. Во спомените од детството се патува по пеколот, а не по чудесните предели на фантазијата и сеќавањата.
„Ѓубре“ е историја на семејниот пекол, раскажана од дете кое сето тоа веќе го има зад себе, но од некакви причини не престанува да биде дете. Романот е студија за семејната патологија раскажана на фасцинантен начин од сопственото искуство на писателот.
Кучок поседува необичен нараторски талент, кој му овозможува да ги раскажува наједноставните или најсуровите настани на фасцинантен начин. Тој умешно ги меша стиловите, се служи со неологизми, дијалект, ги контаминира фразеологизмите и поговорките. Исто така авторот преку употребата на разговорен јазик (не секогаш ослободен од јазичните грешки), вулгаризми и дијалект, со изразити разновидни конструкции на ликовите создава автентична слика за општеството. Микрокосмосот на семејството претставува слика на индустрискиот регион на Полска, во кој општествената позиција често се постигнува со сила и бескомпромисност, понекогаш дури и во однос на најблиските.
4 оценки за Ѓубре
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Kris Donovski (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –