Хорацио Цвикало
Збирката раскази Хорацио Цвикало на Александар Прокопиев ни го нуди она борхесовско „опасно задоволство од читањето“, на чиешто волшепство подеднакво му подлегнуваат и оној кој ја пишува, и оној кој ја чита приказната. А приказната, таа дискретна принцеза во царството на фантазијата, повикува на безвременско и безпросторно патување/сонување.
Фрагментацијата, колажот, полиперспективноста, иронијата (од типот на Даниил Хармс), апсурдот, кусиот расказ од борхесовски вид, меланжот на расказ-есеј, расказ-бајка или расказ-сценска (филмска, драмска) ситуација, се перманентно присутни техники или видови писмо што ја хранат креативната имагинација на Александар Прокопиев доминантни и во неговата последна збирка раскази.
Лидија Капушевска-Дракулевска
Reviews
There are no reviews yet.