Исчезнување
Награда „Магнезија литера“
– книга на годината во Чешка во 2010
Чешки бестселер
Интимните семејни или партнерски односи кои се доловуваат несентиментално и нетрадиционално, се карактеристични за Петра Соукупова (1982). И во „Исчезнување“ главната тема се семејните односи. Авторката избрала стилизација на детски јунак. Во првите два текста децата се раскажувачи на приказната, во третиот дел, иако раскажува возрасна жена, сепак тежиштето е на нејзините спомени од детството. Во сите три приказни главните ликови се борат со семејни трауми што ги оддалечуваат од своите блиски и си го бараат идентитетот и местото во семејството.
Исчезнување“ е типичен постмодернистички роман. Таканаречен „триделен“ роман – три романи во еден роман. Трите приказни имаат иста тема, исти мотиви, исти идеи – бегање од семејството поради проблеми со родителите и со роднините. Првите две приказни дури и се спојуваат во една точка – мајката од вториот дел гледа на телевизија изјава од мајката на момчето кое во првиот дел ќе замине од дома, односно ќе исчезне, па го бараат насекаде. И третиот дел е, исто така, со тема за бегање (оддалечување) на една девојка од семејството (развод, вонбрачни врски, непознато татковство, две деца од различни татковци – девојката не знае кој ѝ е биолошкиот татко, дали првиот или вториот сопруг на мајката итн.). Повеќето приказни го прават романот повеќеслоен, динамичен и впечатлив.
Reviews
There are no reviews yet.