Истанбул, Истанбул
Автор:
Бурхан Сонмез
Издавач:
Прозарт Паблишинг |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
istanbul, Istanbul |
Бр. на страни:
297 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
„Насилна љубовна поема за Истанбул, раскажана во паузите меѓу мачењата од четворицата затвореници во ќелијата под градот. Ода на болката која ги спојува Достоевски и Декамерон.“
Џон Ралстон Саул, писател, поранешен претседател на Меѓународниот Пен центар
„Околу Сонмез може да се види соѕвездие од книжевни светови, кои ги вклучуваат и Маркес, Танпинар, Толстој, Витгенштајн и иранската поетеса Форуг Фарохзад.“
Фабиот де Пропис, ил Манифесто
Содржина:
Четворица затвореници во една од подземните ќелии на Истанбул раскажуваат приказни за градот над себе, минувајќи го така времето меѓу мачењата. Четирите главни ликови: доктор, студент, старец и бербер, ги опишуваат различните лица на градот, секој на свој начин и преку сопствениот поглед на светот, раскажувајќи и за своите љубови и страдања. Во ќелијата наспроти нив, младата девојка е нем, но силен глас на непокорлив отпор. А под земјата и над земјата е градот Истанбул со сиот свој рај и пекол – најважниот лик во романот. Град во кој има исто толку страдање и надеж колку и во ќелиите под него.
Дејствието на овој роман се случува во текот на десет дена и како и Декамерон има десет поглавја, а наратор на секое од нив е еден од ликовите во ќелијата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.