Ивана пред морето

Издавач: Чудна шума | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Ivana pred morjem | Бр. на страни: 160 | Димензии: А5 | Корица: тврда

Раскажувачката, од Париз, каде што живее сега, се враќа на словенечкото приморје за да ја исчисти куќата на покојната мајка. Има сериозен купувач. Во купот пожолтени фотографии наоѓа слика од баба си како со едната рака држи девојче, мајка ѝ, тогаш на околу пет години, а со другата се држи за бремениот стомак. Фотографијата е од 1943 година, време на тешки судбини и ненадејни пресврти. Што се случило со бебето кое го носи?

Романот на Вероника Симонити со неколку паралелни прикази од различни периоди и различни генерации од едно семејство нè соочува со колективното минато и личните судбини. Тие, судбините, не се движат само помеѓу Париз и Приморска, застануваат и во Горењска, Љубљана, низ други места, бегаат дури до Србија, но сите тие движења немаат сила да ги прекинат меѓучовечките врски. Дури и тешките времиња по завршувањето на војната се испишани со мекиот ракопис на авторката, која, секогаш од нова позиција, гледа кон нашите заеднички простори. Убав роман за неубавите времиња.

Цена: 400 ден 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Чудна шума ИД-Концепт консалтинг и дизајн

Report an abuse for product Ивана пред морето

Категорија:
ИСБН: 978-608-4938-25-5

Чудна шума ИД-Концепт консалтинг и дизајн

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ивана пред морето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in