Јапонски Но-драми

Author: /
Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Japanese nŌ dramas | Num. of pages: 426 | Dimensions: 135х200 | Cover: /

„Но“ е најстариот облик на театарска уметност која, како заокружен вид, опстојува повеќе од пет века и се изведува, во својата изворна форма, континуирано, во низа специјализирани театри во Јапонија сè до денес. 

Зборот „но“ би требало да се преведе како „умешност“, „мајсторство“ или „моќ“, а настанал со скратување од „саругаку-ноно“; неслучајно, и секој обид за опишување на „но“ покажува дека се работи за сценска умешност од највисок вид, за несекојдневно сценско мајсторство. Долгиот период на конечно дообликување на „но“, всушност, опфаќа две генерации творци, две исклучителни фигури, Канами Кијоцугу и неговиот син, Зеами: првиот зачетник и инспиратор, вториот најважна фигура во историјата на јапонскиот театар. Заклучно со средината на XV век - кога светот го напушта Зеами - се стабилизира формата на „но“-театарот која, во најмала рака, е редундантно да се именува само како „театарска уметност“.

Токму поради многуслојноста на спектаклот (танц, музика, глума итн.), овој избор од 24 драми се обидува да го претстави оној врв на оваа уметност кој е доминантно книжевен, т.е. наменет за читање.

Price: 350 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Јапонски Но-драми

Category:
SKU: 978-608-229-887-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Јапонски Но-драми”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in