ЈАС, МАРГАРИТА
Author:
Ана Коржаја Самадшвили
Publisher:
Прозарт Паблишинг |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
მე, მარგარიტა |
Num. of pages:
236 |
Dimensions:
129 x 198 mm
|
Cover:
мека
“Јас, Маргарита” е книга со раскази за мажи и жени, љубов и омраза, цинизам и надеж – интересна и по тоа што во ниту една приказна не се открива време или место каде и кога се случуваат: или може да се случуваат било каде, или светот е премногу мал за тоа да биде важно.Приказните се претежно раскажувани од нараторка - интелигентна, разочарана жена која не бира зборови за да ја пренесе несовршеноста на нејзиниот живот, нејзините врски, нејзините желби. Сепак, она што може да изгледа обесхрабрувачки е претставено со таков пријатен хумор кој допира до читателот, оставајќи му чувство дека можеби ќе има надеж...; барем за повеќето од нас. Авторката Ана Коржаја Самадшвили е родена во 1968 година. Живее во Тбилиси, Грузија. Работи како писател, преведувач, новинар, а предава литература и креативно пишување на државниот универзитет во Тбилиси. Нејзините експресивни и емоционални приказни за мажите и жените, љубовта и омразата, сексот и разочарувањето се невообичаени и саркастични, но токму тоа им дава посебност.
Questions and Answers
You are not logged in