Јуда

Автор: Амос Оз
Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Judas | Бр. на страни: 299 | Димензии: 13×20 | Корица: /

Уште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на човечкиот ум со сите негови противречности. Романтичен и трогателен, ова е роман полн со меланхолија, но и хумор и мудрост, низ кој се испреплетени историјата и религијата. Ерусалим, 1959 година. Шмуел Аш, студент на Хебрејскиот универзитет и млад проучувач на Библијата, се чувствува изгубено. Семејството му е на раб на финансиска пропаст, неговото истражувачко дело е во криза, а девојка му решава да се омажи за претходното момче. Во моментот кога треба да го напушти Ерусалим, наидува на оглас и одлучува да ја прифати работата како негувател на генијалниот, но зајадлив старец, Гершом Валд. Меѓутоа, во неговиот дом е присутна и една таинствена личност. Аталија Абрабанел, преубава жена во четириесеттите години и ќерка на починат водач на ционистите, го заведува Шмуел, држејќи го истовремено и на дистанца. Малку по малку, старата камена куќа и тројцата отпадници што живеат во неа почнуваат да ги откриваат своите тајни. Љубовна приказна и роман за растењето. „Јуда“ ни дава несекојдневен поглед на состојбата во Израел и на новозаветната приказна. Низ целиот роман се провлекуваат прашањата: Кој бил Јуда, дали бил предавник, а кој е Исус, дали тој бил христијанин или Евреин? Со или без Јуда, секој Евреин во очите на верниците и понатаму останува олицетворение на предавството. Еден од највлијателните романи на Оз.

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Јуда

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-407-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Јуда”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in