Јустина или незгодите на доблеста

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 289 | Димензии: 20 | Корица: мека

/Отпорот спрема власта и спрема религијата во романот Јустина или незгодите на доблеста, како и во другите дела на Де Сад, авторот го изразува на тој начин што манијакалните природи, злосторниците и насилниците од секаков вид редовно ги слика како претставници на благородниците и на високите свештенички кругови.

Во случајот со маркизот Де Сад е мошне тешко да се раздели животот од делото, па критиката навистина наидува на тешкотоии кога сака да го определи вистинското место на овој писател во литературата. Мошне указателен е, во таа смисла, исказот на еден француски критичар кој изјавува дека можеби Де Сад не е чудовиште, но неговото дело е секако чудовишно.

Како и да е, и покрај очигледните слабости во изборот на рабните етички теми, покрај неуверливоста на ставовите што ги застапува во однос на крупни етички прашања, покрај евидентните слабости во поглед на романескната структура, покрај наивностите и редица други книжевни неотпорности, „чудовишното“ дело на Де Сад пројавува очигледна отпорност на корозија, пред сè поради смелоста во литературата да започне дискусија за хипокризијата во општеството, за двојниот морал, за ослободувањето на личноста од патријархалните и религиозни стеги.

Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 353 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Јустина или незгодите на доблеста

Категорија:
ИСБН: 978-608-4721-67-3

2 оценки за Јустина или незгодите на доблеста

  1. Rated 5 out of 5

    Monika Igevska Rizova (верификуван корисник)

  2. Rated 3 out of 5

    Monika Igevska Rizova (верификуван корисник)

    Mi se dopadna knigata, nejzinata filozofija i sodrzina, no prevodot bese tolku katastrofalen sto delumno ja upropasti za mene. Dajte mu otkaz na preveduvacot!

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in