Јустина или незгодите на доблеста
/Отпорот спрема власта и спрема религијата во романот Јустина или незгодите на доблеста, како и во другите дела на Де Сад, авторот го изразува на тој начин што манијакалните природи, злосторниците и насилниците од секаков вид редовно ги слика како претставници на благородниците и на високите свештенички кругови.
Во случајот со маркизот Де Сад е мошне тешко да се раздели животот од делото, па критиката навистина наидува на тешкотоии кога сака да го определи вистинското место на овој писател во литературата. Мошне указателен е, во таа смисла, исказот на еден француски критичар кој изјавува дека можеби Де Сад не е чудовиште, но неговото дело е секако чудовишно.
Како и да е, и покрај очигледните слабости во изборот на рабните етички теми, покрај неуверливоста на ставовите што ги застапува во однос на крупни етички прашања, покрај евидентните слабости во поглед на романескната структура, покрај наивностите и редица други книжевни неотпорности, „чудовишното“ дело на Де Сад пројавува очигледна отпорност на корозија, пред сè поради смелоста во литературата да започне дискусија за хипокризијата во општеството, за двојниот морал, за ослободувањето на личноста од патријархалните и религиозни стеги.
2 reviews for Јустина или незгодите на доблеста
Questions and Answers
You are not logged in
Monika Igevska Rizova (verified owner) –
Monika Igevska Rizova (verified owner) –
Mi se dopadna knigata, nejzinata filozofija i sodrzina, no prevodot bese tolku katastrofalen sto delumno ja upropasti za mene. Dajte mu otkaz na preveduvacot!