Каде се нашите сакани што го напуштија овој свет?

Publisher: Мартина | Language: македонски | Year: 2015
Original title: Where are our departured loved ones? | Num. of pages: 63 | Dimensions: 17 x 11,5 см | Cover: /

Науката не создала ниту измислила нешто; таа го открила само она што веќе постои ви Бог.
Кога ви зборувам за овие работи, не зборувам врз основа на она што го читав или учев, туку врз основа на моето директно искуство со Вистината. Можеби ќе помислите дека е чудно, но, додека зборувам, јас истовремено го гледам она што го опипувам. Малиот апарат што нема мозок може да навлезе во етерот и да прима пораки што се емитуваат од место оддалечено со километри. Нашата свест е почувствителна од него, но само кога ќе научиме добро да ја наместиме. Во позадината на телото и на сите мисли што се поистоветени со него се наоѓа суптилниот внатрешен свет, кој е на суштински начин поврзан со овој свет. Кога духовно напредувате, може да го забележите тој внатрешен свет.
Остварените души може да ги применат законите на вишите сфери иако се инкарнирани во физичко тело. Поради тоа што не ги гледате тие работи, вие мислите дека не се вистинити. Но мора да сфатите дека доменот на вашето искуство е само бескрајно мал дел од Божјата творба.
Целото човечко битие е грозд од креативни мисли и од Божјата свест што физичката смрт не може да ги уништи. Кога смртта би била крај, тогаш не би постоел Бог и не би постоеле остварените учители – сето тоа би било куп лаги. Големите души не би ве потикнувале да станете подобри затоа што каква би била користа дали сме добри или лоши ако сите одиме во ѓубре на крајот на животот?

Price: 120 ден

2 in stock

Compare
Sold By Мартина

Report an abuse for product Каде се нашите сакани што го напуштија овој свет?

Category:
SKU: 978-608-4626-46-6

Questions and Answers

You are not logged in