Кирка

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Circe | Бр. на страни: 382 | Димензии: 21 | Корица: мека

Магична книга која ткае поинаква приказна за волшебничката Кирка.

Неугледна, повлечена и без никакви моќи, иако ќерка на богот на сонцето Хелиј и заводливата нимфа Персеида, малата Кирка е осудена на осаменост и потсмев. Но наскоро таа во светот на смртните луѓе ќе ја открие својата волшебна моќ.

Сомничавиот Зевс ја прогонува на еден пуст остров, кој станува нејзино царство. Тука таа ги припитомува дивите животни, ги усовршува своите вражби и се среќава со многу митски јунаци – Дедал и неговиот несреќен син Икар, Минотаур, Медеја и лукавиот Одисеј во когошто се вљубува.

Жената што сака да биде независна е демнета од најразлични опасности. Кирка несвесно си го навлекува гневот и на луѓето и на боговите, а на крај се соочува и со одмаздољубивата божица Атина. За да го заштити најмилото, мора конечно да реши дали местото ѝ е покрај боговите, од кои потекнува, или покрај смртниците, коишто ги засакува.

„Волшебна приказна! Мадлин Милер создала смела феминистичка верзија на класичната приказна; во митскиот свет полн со богови, чудовишта и нимфи, длабоко во себе, главната хероина е иста како секој од нас.“ О магазин „Иако знаеме како сè ќе заврши, оваа сочна приказна, раскажана во нова светлина, е напната и полна со неочекувани елементи.“
Вашингтон пост

Цена: 500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Кирка

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-902-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кирка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in