Класифицирано

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Класифицирано | Бр. на страни: 134 | Димензии: 21 | Корица: /

Во своите раскази, преку раскажување обични, секојдневни приказни, Пандева навлегува длабоко во психологијата на меѓучовечките односи. Таа успева, низ јасен и едноставен јазичен израз, од навидум мали теми да создаде приказни што го прикажуваат внатрешниот конфликт на ликовите, нивните заплеткани и често лажни односи. Сето тоа е зачинето со суптилен хумор, не за сечии очи видлив, кој знае да ја очуди приказната и да ја одвои од реалистичниот дискурс во кој е првично поставена. (…) Расказите во „Класифицирано“ раскажуваат приказни за обичниот човек, терен во книжевноста за кој е потребен талент за минималистички и ненаметлив израз. Пандева одлично се снаоѓа на овој лизгав терен на кој многумина автори паѓаат не сфаќајќи ја докрај мајсторијата на едноставноста, празнината и отсуството на авторот од приказната. Токму поради оваа своја умешност Лилјана Пандева успева да создаде полифоничен ракопис во кој нејзините раскажувачи се ослободени од бремето на реалниот автор, овозможувајќи им на тој начин да постојат засебно во светот на фикцијата. Ѓоко Здравески

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Класифицирано

Категорија:
ИСБН: 978-608-265-030-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Класифицирано”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in