Клетвите на готвачот и други гадости
Author:
Срѓан В. Тешин
Publisher:
ИКОНА |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Kuvarove kletve i druge gadosti |
Num. of pages:
144 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
Постмодерен во својата брзина, во референците и во концепцијата, длабоко локален во минуциозното познавање на она за што пишува и глобално применлив на било која примитивна средина на овој свет, во којашто, за да се манифестира, на злото му е потребно нешто што на било кој начин е различно. Кога ќе снема нешто такво, тоа се свртува кон најблискиот, за да, кога ќе го уништи и него, на крајот се изеде и себеси. Ние не сме тие коишто ги измислија таквите ужаси, но се покажавме како добри ученици и многу креативни следбеници, било да ги чуваме доказите за сопствените ѕверства во тегла, или на видео запис. Општеството коешто не ги казнува ѕверовите, ќе се претвори во општество со коешто владеат ѕверови. … човекот никогаш не може да направи ништо толку ужасно, не може да направи ништо доволно ужасно, воопшто дури не може утредента ни да се сети на она што денес му се чинело ужасно… Вилијам Фокнер, Врева и бес Од луѓето не можеш да очекуваш да бидат исправни; само можат да се обидат да го направат она што се мора. Затоа и прават ужасни, човекојадни нешта. А и добри работи, исто така. Но дури и овде ништо што е навистина добро не е сигурно. Сол Белоу, Жртва … читате што правеле и се прашувате дали тоа што само што сте го прочитале навистина е возможно. Можат ли така да се однесуваат обичните мажи? Вашите соседи? Роднини? Не, тоа не е возможно. Славенка Дракулиќ, Тие ни мравка не би згазнале.
Reviews
There are no reviews yet.