Книга на спомени
Ана Марија Шуа е аргентинска писателка и една од највозбудливите и најплодните современи латиноамерикански авторки од еврејско потекло. Има објавено над 40 книги во речиси секој жанр: романи, раскази, песни, книги за деца, хумор, еврејски фолклор, антологии, филмски сценарија, новинарски статии, есеи. Ја нарекуваат „кралица на микрофикцијата“. Нејзината „Книга на спомени“ е духовита а истовремено трогателна потрага по семејната историја, раскажана низ очите на три генерации на Еврејки, историја која ќе ја трогне секоја жена.
„Богата приказна, лична, а сепак, универзална, раскажана со многу имагинација, која го нурнува читателот длабоко во книгата“.
Британски издавачки билтен
„Ексцентричен, комичен роман...“
Њујорк тајмс бук ривју
2 оценки за Книга на спомени
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –