Книга за бамбусот
Автор:
Владислав Бајац
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
Књига о бамбусу |
Бр. на страни:
314 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Се што си бил и ќе бидеш - не си. Само што си - ти си .Книга за бамбусот претставува метафора за раѓањето на една филозофија низ билката која ги допира човечките прсти и се враќа на својот дефинитивен облик. Бамбусот е главен лик и предмет на човечките мисли и желби, тој е врската меѓу две култури (јапонската и кинеската), врската помеѓу човечките судбини; тој ги определува настаните, преземајќи ја вината врз себе.Низ книгата дефилираат цареви, поданици, војска, се менуваат кланови и династии, но лајтмотивот останува мистериозната девојка родена во бамбус. Книга за бамбусот е книга за некои други светови, кои најчесто го претставуваат светот на нашите сништа.Бамбусот има душа, тој никгаш не би поминал низ човечкото тело. Би го допрел и би барал друг, заобиколен пат. Луѓето, пак, растат и живеат низ други луѓе, позиции, предмети, наместо низ просторот кој е нивното духовно живеалиште. Во него нема пречки, бидејќи тука човекот се бори со самиот себеси, со својата волја и снага. Затоа може да се сака една личност цел живот, доколку така одлучи човекот. Пак е тоа борба со самиот себеси, но не борба против себеси.
2 оценки за Книга за бамбусот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Preubava kniga koja bara navracanje, preprocituvanje. Prikaznata e jasna, no porakite se bezvremeni.Voedno ve zapoznava so nepoznat svet od Istokot. Uzivav!
Anonymous (верификуван корисник) –
Koj uziva vo tajnite na istokot obvrzno da ja zeme vo race.Citajte ja poleka za da uzivate podolgo.