Книга за се’
Author:
Хус Каијер
Publisher:
Вермилион |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
Het boek van alle dingen |
Num. of pages:
100 |
Dimensions:
20см
|
Cover:
/
Извонредна приказна - необична, возбудлива, магична. Едноставниот и моќен стилот со кој е напишана „Книга за сè“ потсетува на Сент-Егзипери: исто како и „Малиот принц”, и ова е приказна за сите генерации.Истовремено весела и тажна, книгата е раскажана преку очите на деветгодишното детенце Томас, кој може да види работи кои никој друг не може да ги види. Тропски рипчиња како пловат по каналите во Амстердам. Жаби во поштенското сандаче. Ангели кои си покриваат очите и гласно плачат кога татко му ја тепа мајка му.Сите овие работи, вклучително и своите најголеми соништа и најстрашни стравови, Томас ги запишува во една тајна тетратка, наречена “Книга за сè”. Во неа ја запишува и својата најголема амбиција: да биде среќен.“Книга за сè” е прекрасна книга за деца и возрасни, која на секој читател ќе му даде инспирација и надеж. Ова навистина е книга за сè што е важно во животот: за храброста, семејството, љубовта и уште многу други работи.Добитник на Златниот ракопис и Златниот був, 2005 и Наградата за литература за деца и млади, доделена од Кралството Холандија во 1979 година.
Questions and Answers
You are not logged in