Книгата на изгубени имиња

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: The book of lost names | Бр. на страни: 470 | Димензии: 20 | Корица: тврда

Најпродавана книга според Њујорк тајмс инспирирана од вистински настани за животот на фалсификаторите на документи во време на Втората светска војна.

Ева Трауб Абрамс, библиотекарка од Флорида, која е речиси пред пензија, едно утро, редејќи книги на полиците, погледот и запира на една фотографија во едно списание кое лежи отворено на нејзиното биро. Таа се замрзнува, тоа е слика на книга што не ја видела повеќе од шеесет и пет години – книга која е позната под името „Книгата на изгубени имиња“.

1942 година, Ева е принудена да избега од Париз по апсењето на нејзиниот татко, полски Евреин. Наоѓајќи засолниште во едно мало планинско гратче во слободната зона, таа започнува да фалсификува лични документи за еврејските деца што бегаат во неутрална Швајцарија. Но, бришењето на луѓето има цена, и заедно со мистериозниот, убав фалсификатор по име Реми, Ева одлучува дека мора да најде начин да ги зачува вистинските имиња на децата кои се премногу мали за да се сетат кои се тие навистина. Записите што ги чуваат во „Книгата на изгубени имиња“ ќе станат уште поважни кога ќелијата на отпорот за која работат ќе биде предадена и Реми ќе исчезне…

Цена: 500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Книгата на изгубени имиња

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-262-124-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Книгата на изгубени имиња”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in