Кога светот беше млад
Јирг Шубигер (Jürg Schubiger, 14 октомври 1936 – 15септември 2014) е швајцарски психотерапевт и автор на книги за деца. Добитник е на Германската награда за литература за млади (Deutscher Jugendliteraturpreis) во 1996 година за Кога светот беше млад (Als die Welt noch jung war, 1996).
"Кога светот беше млад" е збирка на крајно оригинални бајковито-филозофски приказни што со својата слоевитост и духовитост ги анимираат и децата и возрасните. Во овие приказни, секојдневните предмети, растенијата и животните се здобиваат со сосема нови значења, надминувајќи ја границата во светот на фантастичното и менувајќи го нашиот светоглед.
Полни со непостојни нешта и невозможни заплети, духовитите приказни на Шубигер постојано го изненадуваат и го замислуваат читателот. Бидејќи, кога светот беше млад, градовите патуваа, камилите зборуваа, ѕвездите се вљубуваа во луѓето и се спуштаа од небото долу на земјата... Се случуваше и самиот ѓавол да седне во училишна клупа, а кога смртта ќе дојдеше по некого, умееше и да му прости.
Reviews
There are no reviews yet.