КРАЛОТ ИБИ
Author:
Алфред Жари
Publisher:
Конгресен Сервисен Центар |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
/ |
Num. of pages:
101 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
/
/Пиесата Кралот Иби на Алфред Жари може да се смета за зачеток на драмата на апсурдот. Токму сценскиот јазик и деструираната или пародираната класична драмска форма, остварени во Кралот Иби, понатаму ќе имаат свој одглас во современиот театар на апсурдот. Во Кралот Иби се прикажуваат настани и ситуации кои се во основата гротескни, изместени и апсурдни, но тие не се психолошки во традиционална смисла. Ниту од сето тоа се извлекуваат некои високопарни и длабоко филозофски заклучоци. Таму каде што има и малку „психологија“, таа е повеќе иронично-саркастичен коментар на самите ситуации и настани, со што нивната апсурдност уште повеќе се потенцира. Подоцнежните главни теми на театарот на апсурдот, како што се чекањето и осаменоста, во една специфична форма се присутни и во Кралот Иби.
Reviews
There are no reviews yet.