Кратка теорија за патувањето и пустината

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: Breve teoria del viaje y del desierto | Num. of pages: 88 | Dimensions: 145x205 | Cover: мека

Шесте приказни од Кратка теорија за патувањето и пустината го разгледуваат целосниот опсег на човековото искуство. Нè носат на патување околу светот, од сувите пејзажи на медитеранскиот брег, до делото на брилијантниот српски писател Милорад Павиќ. Сите ликови ја исчекуваат, бараат или истражуваат можноста за откровение што никогаш не се појавува во нивното вкочането „тука и сега“. А сепак, парадоксално, изгледаат неспособни да преземат какво и да е ефикасно дејствување, со можниот исклучок на Лена, која пишува од лебдечкиот свет на соништата. Според мистиците суфисти, душата е жедна за промена, а неподвижноста може да се почувствува како бавна смрт што може да доползи секаде: да се појави на патишта, на напуштени паркинзи или хотели преполни со туристи (пустината на модерниот свет). Сепак, дали по игра на судбината, или само како шанса (небитен инцидент, онесвестување на нудистичка плажа, авионска несреќа што никогаш и не се случила) можат додека да трепнеш да го откријат вистинското лице на отуѓеноста на ликот.
Благодарение на неверојатната разновидна проза, номадскиот стил, што се приспособува на различни духовни, физички или замислени места од секоја приказна и на кревката индивидуалност на нивните жители, Крусат ги води овие одвеани ликови низ амбисот на стравовите, сомневањето во себе и копнежите што го сочинуваат модерниот свет.

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Кратка теорија за патувањето и пустината

Category:
SKU: 978-608-247-396-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Кратка теорија за патувањето и пустината”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in