Квиз пронајди го натрапникот
Автор:
Драгана Крстиќ
Издавач:
Едука Мак |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
КВИЗ ПРОНАЈДИ ГО НАТРАПНИКОТ |
Бр. на страни:
48 |
Димензии:
25х15х5
|
Корица:
/
Квизот содржи 48 илустрирани задачи, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите. Задачите прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 4 до 7 години. Илустрирани се доволно сугестивно на општо поставената задача ПРОНАЈДИ ГО НАТРАПНИКОТ, што е воедно и насловот на квизот. НАТРАПНИК – објект што според некој критериум не припаѓа на групата како останатите пет на картичката (на пример: не е овошје, не е зеленчук, не е домашно животно, не е птица, не е цврста храна, не е зимска облека, не е со иста форма, не е со иста боја ...). Решенијата се единствени. Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на интересен и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи. Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.