Лавр
Роман за Бога, верата, времето и за тоа дека времето не постои, дека сè е едно и сè е поврзано со остатокот, книга за љубовта и за жртвувањето. Андреј Рубљов е во стилот на Името на ружата во оваа длабока приказна, спектакуларно книжевно остварување. Специјалистот по средновековна историја, Евгениј Водолазкин пишува на вечни теми како љубов, вера, саможртва и загуба, со огромна сила и со енергија на маестрален раскажувач.
Лавр е напишана во форма на биографија. Се случува во доцниот 15 век во село каде еден исцелител е немоќен да и` помогне на саканата, гледајќи ја како умира при породувањето, уште невенчани и непричестена. Очајниот маж се впушта во исцрпувачко патување во потрага по искупување. На ова тешко патување во сиромаштија им служи на луѓето. На патувањето со кое ги надминува времињата и државите, јунакот минува длабока и болна лична преобразба. Расфрлан во времето и просторот, романот ја спојува темелно проучената историја со фантазијата на постмодерната вселена.
„Длабоко религиозен, просветлувачки роман, кој го слави животот.“
Леонид Јузефович
„Лавр е роман кој може да ги отвори најскриените катчиња на душата.“
Лев Данилкин, списание Еднако
„Во книгата ќе уживате, ќе сакате да ја носите со себе, да ја препрочитувате на различни места, да ја подарите и да ја препорачувате на пријателите.“
Итоги
„Роман за љубовта во најдлабоката смисла на зборот. Истовремено и книга за времето. Односно, за отсуството на време, за времето надминато во заедништво со вечноста“.
Нова газета
Романот Лавр е добитник на престижната руска награда „Големата книга“ во 2013 година.
Евгениj Водолазкин е современ писател роден 1964 година во Киев. Специјалист е по староруска литература. Како реномиран научник ја истражува Древна Русија. Со првиот роман молскавично се проби во светот на литературата. Живее во Санкт Петербург.
5 reviews for Лавр
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –