Лазарка

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Лазарка | Num. of pages: 96 | Dimensions: 21 см | Cover: /

Лазарка беше љубовница на Лазар. Имаше име, но сите ја викаа Лазарка. Постоеше, но сите ја избришаа, така и остана до ден-денес. Не беше среќна, иако беше цврста, моќна и одлучна жена. Лазар, пак, сигурно го знаете, тој е оној што Исус го воскреснал четири дена по неговата смрт, и сите поверуваа во чудото. Лазар, братот на Марта и Марија, кој се врати од мртвите и ја пренесе на христијаните пораката за вечноста на животот. Истиот тој Лазар кој ја остави Лазарка во заборав понесен од чудото наречено воскреснување и замина за Кипар.“

Лазарка е фиктивен лик создаден од поетесата Силвија Плат и истовремено е метафора за жената која во хетеронормативното општество е омеѓена во „розовото гето“. Лазарка е и Силвија Плат и Дора Карингтон и Ева Браун и сите други женски ликови кои преку алузии и директни цитати упатуваат на силни авторки и уметници, жени кои се бореле да излезат од сенката и од доминацијата на нивните машки партнери, а истовремено да востановат рамноправен поредок во нивните односи.

Користејќи ја наративната техника „тек на свеста“, преку внатрешните монолози и конфликти на главниот лик – современа, угледна жена, која е осамена и суицидна – се преплетуваат приказните на изневерената Силвија, безнадежно вљубената Дора и страдалничката Ева и се отвора еден богат феминистички книжевен ареал, што му додава вредност на овој дебитантски роман.

Price: 250 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Лазарка

Category:
SKU: 978-608-267-147-5

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Лазарка”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in