Лажливиот живот на возрасните

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: La vita bugiarda degli adulti | Бр. на страни: 298 | Димензии: 21 | Корица: мека

Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните

Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?

Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.

Новиот роман на славната Елена Феранте е уште еден доказ за нејзиното ненадминато мајсторство да ги извлече читателите од реалноста и да ги пресели во својот совршено изграден книжевен свет.

„Феранте толку умешно нè вовлекува во тинејџерскиот ум што сето она што изгледа неразумно – променливи расположенија, љубомора, страв, солзи и бес, ни се чини сосем нормално.“
Тајмс, Велика Британија

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Лажливиот живот на возрасните

Категории: , ,
ИСБН: 9786082309040

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лажливиот живот на возрасните”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in