Лорд Џим

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Lord Jim | Бр. на страни: 360 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Лорд Џим (1900) влегува во редот на најзначајните романи на Џозеф Конрад кои веднаш по објавувањето се рангирани меѓу најмоќните и најпоетските романи напишани на англиски јазик. Станува збор за суптилна проза што се занимава со комплексни филозофски и етички прашања што поединецот си ги поставува во врска со неговиот однос кон заедницата. Романот е производ на еден специфичен момент во историјата на британското општество кога стариот вредносен систем, кој се уште е во сила, коегзистира со новото чувство за проблематизирантата индивидуалност. Во центарот на настаните се наоѓа Лорд Џим, еден вид донкихотски лик, распнат меѓу замислената претстава за себеси и суровата реалност. Неговата трагична грешка е што не може да го премости јазот меѓу своите херојски идеали, кои се дел од неговата фантазија, и практичното дејствување што припаѓа на реалноста. Книгата претставува врв на прозното мајсторство на Конрад, комбинација од вешт стил и софистицирана структура. Настаните се раскажани преку неколку раскажувачи, согледани од различни гледни точки, при што хронолошкиот редослед често е измешан. Со тоа авторот ја доловува комплексноста и суштинската недофатливост на модерната човекова егзистенција...

Цена: 300 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Лорд Џим

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-243-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лорд Џим”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in