Лорд Џим

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Lord Jim | Num. of pages: 360 | Dimensions: 135x200 | Cover: мека

Лорд Џим (1900) влегува во редот на најзначајните романи на Џозеф Конрад кои веднаш по објавувањето се рангирани меѓу најмоќните и најпоетските романи напишани на англиски јазик. Станува збор за суптилна проза што се занимава со комплексни филозофски и етички прашања што поединецот си ги поставува во врска со неговиот однос кон заедницата.

Романот е производ на еден специфичен момент во историјата на британското општество кога стариот вредносен систем, кој се уште е во сила, коегзистира со новото чувство за проблематизирантата индивидуалност.

Во центарот на настаните се наоѓа Лорд Џим, еден вид донкихотски лик, распнат меѓу замислената претстава за себеси и суровата реалност. Неговата трагична грешка е што не може да го премости јазот меѓу своите херојски идеали, кои се дел од неговата фантазија, и практичното дејствување што припаѓа на реалноста.

Книгата претставува врв на прозното мајсторство на Конрад, комбинација од вешт стил и софистицирана структура. Настаните се раскажани преку неколку раскажувачи, согледани од различни гледни точки, при што хронолошкиот редослед често е измешан. Со тоа авторот ја доловува комплексноста и суштинската недофатливост на модерната човекова егзистенција...

Price: 300 ден

8 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Лорд Џим

Category:
SKU: 978-608-223-243-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Лорд Џим”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in