Љубов се викам

Издавач: Ниче Димовски Македон | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Љубов се викам | Бр. на страни: 432 | Димензии: 21 | Корица: мека

„Овде пред најубавиот залив кој моите очи го виделе каде копнеев еден ден да бидам со мојата втора половина и да ѝ го покажам она што ме прави среќен, таа во овој миг ме гушна и ми вели дека сум ѝ сe.Кога би знаела дека умрев за неа, а и таа за мене, и колку само долго ја чекав, и колку многу ја сакав, ја сакам и ќе ја сакам засекогаш до крајот на светот, сигурно не би можел ни Универзумот да ги сопре нејзините солзи...“

„Не е случајно што повторно сега ја сретнав најчистата душа која ја познавам во сите мои животи. Морам да внимавам и да не ја повредам со дело, збор, па ниту со мисла. Ќе се грижам и ќе ја чувам повеќе од себе си. Ако погрешив претходно и ја изгубив, овој пат ќе направам сè за да ја испратиме пораката поради која сме овде. Универзумот ми ја подари како цвет во пустина на кој смеам безгранично да му се радувам, но никогаш не смеам да го скинам и напуштам. Тоа е цвет на вечна љубов. И покрај сè таа е моја муза и инспирација за да ми помогне да го напишам делото и да го остварам сонот да снимам филм за највозвишеното чувство – љубовта. Само затоа сме тука во време и простор двајцата заедно, за да му покажеме на светот за една безусловна, несебична и чиста љубов. Пораката од оваа љубов ќе ја испратиме да патува во вечноста за следните генерации. Тоа ќе биде порака за изгубените вредности на себељубието и емпатија кон секоја душа на овој свет. Таа не може ни да претпостави дека го пишува најубавото дело за сценарио и филм. Тоа е делото поради кое умиравме еден за друг во прегратка претходните животи. Тоа е делото поради кое толку пати се сретнавме и разминавме на оваа планета за да ни се зголеми жедта за љубовта која никогаш не си ја подаривме.“

Рангирано 5.00 од 5 според 3 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Љубов се викам

Категорија:
ИСБН: 978-608-65442-8-7

3 оценки за Љубов се викам

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Книгава ве носи на едно незаборавно патување на Карибите. Толку е добра што заборавив дека е зима во Македонија и како да се најдов повторно со летото, топло, вљубено, незаборавно. Зборовите се топлина што гали и не се заборава.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in