Љубовен живот
Author:
Зеруја Шалев
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
Love life |
Num. of pages:
280 |
Dimensions:
140 x 205
|
Cover:
/
Страстен, сладострастен, бескомпромисен, романот Љубовен живот зборува за љубовта што не знае за граници. Кога младата Јара се вљубува во пријателот на своите родители, напушта сѐ што создала дотогаш: сигурноста, работата, мажот... и од првиот момент целосно ѝ се препушта на неодоливата еротска привлечност што ја зрачи тој маж. Љубовен живот е проникнат со опсесивна љубов и похота. Истовремено интелигентен и возбудлив, романот на Зеруја Шалев е длабоко емотивна приказна што навлегува во психолошките аспекти на љубовта, сладострастието и бракот, вешто откривајќи ја сложената женска страст. Љубовен живот на Зеруја Шалев е силен, маѓесен роман... книжевен удар за пуританизмот што го скандализира Израел. Обсервер Овој густо пишуван секси бестселер продолжува онаму каде што запрела Ерика Јонг.Паблишерс викли Роман што ги урнал сите препреки... сексуално експлицитен, а сепак густо проткаен со библиски алузии и психолошки увиди. Њујорк тајмс
Reviews
There are no reviews yet.