Љубовно писмо со клинести знаци

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Milostný dopis klínovým písmem | Бр. на страни: 309 | Димензии: 13 x 20 cm | Корица: /

Томаш Змешкал ги вчудовиде чешкиот книжевен свет и читателската јавност со дебитантскиот роман „Љубовно писмо со клинести знаци“, за кој ја доби престижната чешка награда за литература „Јозеф Шкворецки“ во 2009 година, како и наградата на Европската унија за литература за најдобри нови писатели, заедно со уште единаесет автори, во 2011 година. Оттогаш доживеа светска слава и преведен е на многу јазици.
Постмодернистичката сага, стилски, но и жанровски разновидна, изобилува со хумор, иако историските околности во кои се случува се многу тажни. Во романот со строго обмислена структура, авторот не се ограничува на историскиот период на живеење на неговите ликови. Неговата фантазија досегнува до древното хетитско и персиско минато, но и далечната иднина. Приказните се нижат, но не по хронолошки редослед, за да се состават на крајот во совршен богат мозаик. Токму тоа од романот на Змешкал прави ремек-дело на современата европска книжевност.

Цена: 390 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Љубовно писмо со клинести знаци

Категорија:
ИСБН: 978-608-4525-69-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Љубовно писмо со клинести знаци”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in