Магелан

Издавач: Мартина | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Магелан | Бр. на страни: 208 | Димензии: 21х14 | Корица: тврда

Името на човекот што прв го обиколи светот е сочувано во историјата во не помалку од четири различни верзии. Во португалските документи се појавува големиот морепловец понекогаш како Fernao de Magalhais, понекогаш како Fernao de Magelhaes; тој лично, подоцна откако преминал во служба на Шпанија, писмата ги потпишувал некогаш како Maghallanes, некогаш како Maghellanes, а картографите го латинизирале тој шпански облик во Magelanus.

Цвајг во своето дело ги доловува:

  • Вистинскиот карактер и големина на Магелан, неговата упорност до смрт.
  • Во исто време и вистинската димензија на експедицијата и нејзината огромна важност за идниот прогрес на човештвото.
  • Екстремно неповолните услови во кои била реализирана експедицијата и натчовечките напори на нејзините учесници.
  • Ривалството помеѓу тогашните две најголеми поморски сили.
  • Храброста на членовите на експедицијата да зачекорат во непознатото.

 

Цвајг ни го опишува најинтересниот период од човековата историја, времето кога биле направени нејголемите географски откритија и кога човекот конечно ја добил вистинската претстава за големината и за обликот на земјата, за распоредот на копното и на морето.

Цена: 360 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Магелан

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-54-1

Questions and Answers

You are not logged in