Малиот ној витез
Author:
Лиу Сианпинг
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Најдобрата кинеска литература за деца - антологија |
Num. of pages:
190 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Лиу Сианпинг (роден во 1937 година во Феидонг, во провинцијата Анхуи) е познат кинески писател за деца, кој во своето творештво е преокупиран со природата. За тоа тој пишува: „Природата е мајка што го храни целото човештво и исто така, извор на знаење. Сакам да ги водам децата во таа насока, преку литература каде што тема е природата, и да направам да чувствуваат благодарност кон природата, да го сакаат животот, да стекнуваат знаења и да развијат норма на однесување неопходна за хармонизација со природата, односно еколошка етика.“ Овој писател – вљубеник и истражувач на природата, има вдахновен предговор за тоа во ова книга и уште вели: „...Мора да одам пеш, за да ги доживеам посебниот шарм и многубројните поттонови на природата. Најголем приоритет им давам на набљудувањето и на проучувањето на природата одблизу, а потоа да се запишат анегдотите и авантурите што се случуваат во текот на истражувањето, за да им се претстави на гледачите вистинскиот, прекрасен свет на природата... Анегдотите и авантурите од истражувањето на природата, зачувани во моите дела, топло се поздравени од читателите и од критичарите и се смета дека од нив започнува еден нов наративен стил – со мешање на заплетот од роман, поетски призвук, филозофијата на прозата и реалноста на документарниот запис. Оваа нова литературна форма е поспроведлива во пренесувањето на шармот на природата и на филозофијата на луѓето и природата.“ Неговите најпознати дела се: Авантура во море од облаци, Легенда за пандите, Повикот на еленот, Потера во долината Пловер, Мошусен елен во пустината. Повеќе негови дела се наградени, а некои се преведени на други јазици. Во овој избор се застапени три авантуристички новели (или куси романи) на авторот: „Играње криенка со пандата – во родниот град на џиновските панди“, „Малиот ној витез“ и „Љубов во дивината“.
Reviews
There are no reviews yet.