Мапирање на сол и ѕвезди
Автор:
Зејн Џухадар
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
The map of salt and stars |
Бр. на страни:
449 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
мека
Во традицијата на романите на Халед Хосеини, приказна за судбината на семејства во потрага за мир и слобода испреплетена со судбината на познат картограф од дванаесеттиот век. Летото 2011 година, кога таткото на Нур починува, нејзината мајка одлучува дека е време да го напуштат Њујорк и да се придружат на семејството во Сирија. За среќа, Нур има начин со духот засекогаш да остане со својот татко: под смоквата во нивната градина во Хомс таа ја шепоти нивната омилена приказна и се надева дека таа ќе стигне до местото каде што е погребан татко ѝ. Таа приказна што постојано ја повторува е приказната за Равија, девојче од дванаесеттиот век, кое преправена во момче станува ученик на најпознатиот средновековен картограф Ал-Идриси. Наскоро избива војна во Сирија и Хомс е бомбардиран. Нур и нејзиното семејство се соочуваат со изборот: да останат во својот дом изложени на насилство или да побегнат преку седум земји на Блискиот исток и Северна Африка, истите земји што биле исцртани деветстотини години пред тоа од страна на картографите на кои Нур толку многу им се воодушевува. На тоа патување, во чудесната приказна за Равија, Нур ќе најде сила и храброст, и ќе сфати што значи дом. „Таа древна, понекогаш мистична врска помеѓу географските карти, луѓето и знаењето е окосницата на Мапирање на сол и ѕвезди, двојна приказна за патување и егзил, која се движи меѓу современата завојувана Сирија и карван-сараите и ановите на нејзиното исчезнато минато.“ New York Tims Book Reviw „Овој имагинативен, но реален приказ на Сирија разорена од војната е задолжителна лектира.“ Booklist
Оценки
Сѐ уште нема оценки.