Медитации

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Медитации | Бр. на страни: 32 | Димензии: 125/195 | Корица: тврда

Не расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков. Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста. Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Медитации

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-795-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Медитации”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in