Мене никогаш не ме оставаа да зборувам
Исидоро Блајстен (1933 – 2004) е аргентински раскажувач, романсиер, есеист и поет. Неговите дела се карактеризираат со апсурдот и суптилниот хумор проткаени во одличната употреба на разговорниот јазик.
„Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази објавена во 1985 година и ги содржи најпознатите раскази на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и расказот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот.
За оваа негова книга е кажано:
„Блајстен му припаѓа на оној вид раскажувачи на апсурдот кои нѐ тераат меѓу два напада на громогласна смеа или меѓу два брана на морничавост да ги увидиме сите нијанси на животниот спектар. Чудно е да се почувствува толку среќа од читање... извонреден час по книжевност.“ – Le Nouvel Observateur
2 оценки за Мене никогаш не ме оставаа да зборувам
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Уште од првите страници се гледа дека книгата е пишувана од човек со неверојатна интелигенција и интересен поглед на светот. Ретко се наоѓаат приказни што се така лесни за читање, а имаат врвен стил и умешност.