Мене никогаш не ме оставаа да зборувам

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2016
Original title: A mí nunca me dejaban hablar | Num. of pages: 171 | Dimensions: 200x140 | Cover: /

Исидоро Блајстен (1933 – 2004) е аргентински раскажувач, романсиер, есеист и поет. Неговите дела се карактеризираат со апсурдот и суптилниот хумор проткаени во одличната употреба на разговорниот јазик.

„Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази објавена во 1985 година и ги содржи најпознатите раскази на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и раска­зот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот.

За оваа негова книга е кажано:

„Блајстен му припаѓа на оној вид раскажувачи на апсурдот кои нѐ тераат меѓу два напада на громогласна смеа или меѓу два брана на морничавост да ги увидиме сите нијанси на животниот спектар. Чудно е да се почувствува толку среќа од читање... извонреден час по книжевност.“ – Le Nouvel Observateur

„Во приказните на Блајстен е присутна верна сенка на Џонатан Свифт, Марсел Швоб, Хуан Хосе Ареола, Кортасар и Борхес. А зарем може да биде поинаку кога сите тие го обработувале апсурдот до неговите крајности и сите тие биле одлични раскажувачи – две доблести што исто така се препознаваат и кај Исидоро Блајстен“ – Винсент Батиста.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 200 ден

3 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Мене никогаш не ме оставаа да зборувам

Category:
SKU: 978-608-252-017-9

2 reviews for Мене никогаш не ме оставаа да зборувам

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

    Уште од првите страници се гледа дека книгата е пишувана од човек со неверојатна интелигенција и интересен поглед на светот. Ретко се наоѓаат приказни што се така лесни за читање, а имаат врвен стил и умешност.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in