Месечината и огновите

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: La luna e i falò | Бр. на страни: 176 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Главниот лик во романот се враќа во родното село откако претходно се збогатил во Америка; она по што трага не се едноставно сеќавањата или повторно вклучување во општеството. Тој трага по она што родниот крај го прави тоа што е, по тајната што ги врзува луѓето со местата и и со генерациите. Неслучајно ликот е безимен: најденче од сиропиталиште, израснато од сиромашни земјоделци како евтина работна сила и кое станува човек емигрирајќи во Америка. Сепак, каде и да оди, со себе ја носи историјата на своето време и етнолошката природа на просторот во кој е израснат, на фасцинирачката Италија.   „Имаме обврска да признаеме дека токму едновременото постоење на различни концепти и драматизам, чудесно сплотени во рамнотежата на стилот, ја прават Месечината и огновите неприкосновено ремек-дело на авторот“. Ла Република   „Деветте романи на Павезе го сочинуваат најдраматичниот и најхомогениот наративен циклус во современа Италија. Ова се дела со неверојатна длабочина во кои човек постојано наоѓа нови слоеви, нови значења“. Итало Калвино „ Кај [Павезе] постои нешто заводливо, прогонувачко, лирски продорно“. Њујорк тајмс бук ривју   „Еден од големите книжевни креативни депресивци. Месечината и огновите е неговото ремек-дело“. Дејли телеграф   Чезаре Павезе (1908-1950) е еден од најважните италијански писатели на XX-иот век. Дипломирал англиска книжевност. На италијански ги преведувал Дефо, Мелвил, Дикенс, Џојс, Фокнер и други. Четири месеци по издавањето на Месечината и огновите, извршува самоубиство испивајќи преголема доза барбитурати во хотелска соба, под исти околности како што ги опишал во своето дело Меѓу осамени жени.  
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Месечината и огновите

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-028-7

Questions and Answers

You are not logged in