Миленичињата
Емил е штотуку вратен во Рејкјавик од патување во Лондон. На летот накај дома, тој сретна прекрасна девојка со име Грета. Емил се надева дека Грета ќе се јави - и дека тоа нема да се случи додека тој е на телефон со неговата девојка Вигдис. Но, во моментот кога тој е дома, Хавард, пијан и насилен простак од минатото на Емил, се појавува на неговиот праг. Гледајќи го Хавард низ прозорецот - и несакајќи да има ништо со него - Емил го прави единственото разумно нешто што може го смисли: се крие под креветот и чека Хавард да си замине. Човек со разумот Хавард, стоејќи игнориран на прагот, го прави единственото разумно нешто што може да го смисли: провалува во куќата на Емил и почнува да го пие неговиот алкохол, а завршува како домаќин на бизарна забава за пријателите на Емил.
Еден наизменично темен и урнебесен роман, со ведар и едноставен стил, којшто й противречи неговата наративна длабочина и ja затскрива комплексноста којашто се зголемува со секоја измината страница.
БРАГИ ОЛАФСОН е исландски музичар и писател. Најмногу е познат како басист во групата Sugarcubes, бендот со кој настапуваше Бјорк, пред да ја започне својата соло карирера. Новелата Миленичињата (Gæludýrin) била номинирана за Icelandic Literary Prize во 2001 г. За новелата Забавни игри (Samkvæmisleikir) во 2004 г. ја добил DV Cultural Prize, а новелата Амбасадорот (Sendiherrann) беше номинирана за Nordic Council’s Literature Prize во 2008. Браги е еден од основачите на издавачката куќа Лош вкус (Smekkleysa) којашто претежно издава музика и организира различни видови на настани.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.