Мир-Божица-Ејрене
Author:
Аристофан
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
Comoedias |
Num. of pages:
96 |
Dimensions:
20
|
Cover:
/
Според нововековните теоретичари, естетичари и поетолози, Аристофан е извонреден, современ поет, особено со „досегот на апсолутна слобода на духот“ (Хегел, Естетика): „Аристофан најсилно посакува на шеговит, воедно и на најзадлабочен начин, да ги изложи на потсмев своите сограѓани, заплеткани во демократски улавштини, да ги исмее таквите ретори и државници и да ја изложи на потсмев бесмисленоста на војната и, пред сè, немилосрдно да ја исмее новата насока на трагедијата, што ја воведува Еврипид...“ „Аристофан бил човек со најбогата духовна наобразба, извонреден граѓанин на Атина... вистински патриот.“ (Хегел, Естетика) Овие нововековни оценки се делумно точни: Аристофан не е само со извонредна наобразба туку е и духовит мислител, поет-философ; и не е извонреден граѓанин на плутократска Атина, туку жесток критичар, исмевач на изопачената атинска демократија − се разбира, колку што е ова можно во рамките на творечката функционалност. Навистина, „поетската слобода“ е неограничена. Аристофан на творечки начин си „игра“ со познати херои и реални личности, сместувајќи ги во комична фантазмагорична топика: комичкиот лудизам на Аристофан се случува во точно определено историско време, во точно определен политички амбиент, на точно определено место и според точно определена идеолошка гледна точка, но, парадоксално, и покрај сите хронотопски, односно историски ограничености, комедиите на Аристофан пулсираат со севременост и универзалност − светот се менува, но „комедијата нема крај“!
Reviews
There are no reviews yet.