Мирисливата птица
Автор:
Ѓин Бо
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Најдобрата кинеска литература за деца - антологија |
Бр. на страни:
278 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
ТВРДА КОРИЦА Книгата содржи шеесетина бајки, избрани од авторот и групирани во четири циклуси. Во предговорот, за бајките пишува: „За децата, имагинацијата е нешто убаво и атрактивно; за писателите, уметничкиот израз на оваа имагинација е поубав и многу поатрактивен, бидејќи една имагинативна приказна ги содржи нивните емоции, мудрост и идеи. Овие се најфундаменталните работи во создавањето на бајките. Отсуството на имагинација и идеи и слепото барање сензационален заплет и вулгарни шеги треба да се отповикаат од самата бајка. ... Каде што има деца, секогаш има извор и светлина, сончевото небо секогаш ги оживува нашите срца. Во лицето на овој шарен свет, со еден пар љубопитни очи, ние откриваме, размислуваме и се изразуваме како деца и уживаме во потрагата по невиност и нечии соништа. Со пишувањето за деца, можеме да ја почувствуваме топлината којашто е најблиску до природата на душата.“ Ѓин Бо (роден во 1935 година, во Пекинг) е универзитетски професор и писател, во чие творештво доминираат бајките. Има објавено повеќе од десет поетски антологии, а неговите најпознати дела се збирките со бајки, како „Бајка за малите лисја“, „Човекот сенка“, „Авантурата на Ву Диудиу“, „По трагите на малиот зелен човек“, „Гледајќи го повторно малиот зелен човек“, „Сите ние сме зелени луѓе“ и „Сина снегулка“; есеи, како „Чекајќи те да чукнеш“, „Биди благодарен на вчера“, „Разговарај со дрвјата“, „Барајќи среќни цвеќиња“ и „Слушајќи го црцорењето“. Добитник е на неколку високи награди за книжевност за деца.
Questions and Answers
You are not logged in