Мистер Гвин

Publisher: ИЛИ-ИЛИ | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Mister Gwyn | Num. of pages: 141 | Dimensions: 13 x 20 cm | Cover: /

Во "Мистер Гвин", како и во другите негови романи, италијанскиот автор Алесандро Барико на свој автентичен начин ни раскажува една исклучително интересна приказна. Џаспер Гвин е познат англиски автор, кој одеднаш решава да се повлече од книжевната сцена. За таа цел почнува од својот живот да го отфрла сето она што му чкрипи, речиси сè. Ваквата негова потрага по тишината и самотијата се одвива преку единствената константа што му останала, книжевниот агент Том, кој се обидува да го врати на стариот пат. Но Гвин открива една нова раскажувачка интимност: сликањето зборовни портрети. Станува портретист, налик на сликар, меѓутоа слика со помош на пишаниот збор. Портретите на мистер Гвин се отелотворуваат во тишината, а целта им е да ја откријат суштината на портретираниот.
Барико не ја открива непосредно неговата постапка, туку преку подробности и со помош на споредните ликови. Меѓу нив, оној што молкум ги придвижува нишките на романот е стариот производител на светилки што Гвин ги ползува за да си обезбеди осветлување при сликањето на портретите. Старецот изработува светилки на кои им дава форми и имиња небаре се живи личности. Гвин одбира осумнаесет светилки „Катерина де Медичи“, а кога старецот го прашува каков вид светлина би сакал, му одговара со еден збор: „детска“. Портретите треба да ја вратат невиноста што се губи со искуството.
Романот е повеќеслоен, а самиот Барико вели: „Она што е навидум проникливо лежи во подробностите што само јас ги разбирам. Затоа има редови што вредат повеќе од целата книга, но читателот не може да ги забележи. Небаре во книгите го создавам сиот пејзаж, ја создавам приказната, за потоа да ги скријам ваквите фрагментчиња.“
Rated 5.00 out of 5 based on 1 customer rating
(1 customer review)

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Или-Или

Report an abuse for product Мистер Гвин

Category:
SKU: 978-608-4525-74-5

1 review for Мистер Гвин

  1. Rated 5 out of 5

    Kikiland

    Дај да те насликам со зборови, да те слушам со слики, да те допрам мисловно … да ти направам портрет за кој никој нема чуено досега. Та кога ќе го прочиташ да се видиш себеси врамен во слика. Да отидеш дома среќен , да се вратиш на својот пат …. чунки некои громови од ведро небо ако не спопаднат … знаеме и да го заборавиме патот до дома или да скршнеме на туѓа раскрсница. Можеби додека ја читав и јас бев под осумнаесте светилки Катерина Де Медичи… ме галеше таа детска пригушена светлина… онаа која допира подлабоко од кожата … онаа која не соблекува ….онаа која ја гледа есенцијата на човековата душа. Посакав да сум гола за да го засакам она што е внатре, а не она надвор … Совршена логика . Дали можеби и јас сум експеримент на самиот Барико?! Како и да е, јас ионака уживам во неговите тестирања до каде се може да отиде и да се чуствувам комотно. Во атељето во позадина свири Дејвид Барбер …кај мене Pink Floyd – Shine on your crazy diamond I-IX …. совршена хармонија …. водење љубов со хармониите … музиката …книгата … јас … И наеднаш ми се појавува Госпоѓата со марамата за дожд, насмевнувајќи се и со подкренати веѓи од под нејзините очила ме загледува прашално велејќи…. Ти се бендиса многу, нели?  Кога книгата продолжува да живее и после последната страница, тогаш е постигната нејзината цел  Остануваат траги, светлина, мириси, музика , ветре нежно кое те гали … и таа љубов на која и викам ЖИВЕЈ! <3

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in