Мистерии

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Mysterier | Бр. на страни: 340 | Димензии: 145x200 | Корица: мека

Мистерии е приказна за ексцентричниот аутсајдер Јохан Нагел, кој пристигнува во еден норвешки крајбрежен град и предизвикува низа необични и мистериозни настани. Одличен познавач на бруталните аспекти на човечката природа, Нагел со своето однесување ги вознемирува жителите на градот, откривајќи ги нивните најмрачни инстинкти и потиснати желби. Истовремено арогантен и скромен, праведен и неморален, тој успева да ја заведе целата заедница превртувајќи ја на глава, пред да исчезне исто онолку неочекувано како и што се појавува. Мистерии, најзначајната книга на нобеловецот Кнут Хамсун, е еден од првите егзистенцијалистички романи, вешта комбинација од психолошки портрет и општествена анализа. Ова е текст за суровото продирање во човечките длабочини,ефективен приказ на опседнатоста на авторот со односот меѓу општественото лицемерие и личната чесност.

Цена: 350 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Мистерии

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-170-9

Questions and Answers

You are not logged in