Млечни заби

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Mliječni zubi | Бр. на страни: 117 | Димензии: 21 см | Корица: /

„Млечни заби“ е збирка од дванаесет раскази, прецизно ситуирани во детството како обединувачко јадро околу кое се намотува најразличен материјал од Балканот што експлицитно го нема, а е присутен во секој збор, во секој интерпункциски знак и во секоја белинка од врвното уметничко писмо меѓу кориците. Цврсто стегнато книжевно клопче со лични, мачни и мрачни, напати брутални приказни за растењето. Намотување и одмотување зборови на тишината, на она за што вообичаено се молчи.

„Млечни заби“ е прв превод на Лана Басташиќ на македонски јазик, која ја доби Европската награда за книжевност за 2020 година за романот „Фати го зајакот“. По големиот успех на романескниот првенец што се најде и во најтесниот избор за НИН-овата награда, Басташиќ со „Млечни заби“ го подвлекува веќе стекнатиот читателски и критичарски впечаток дека е еден од водечките книжевни гласови на овие простори во моментот.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Млечни заби

Категорија:
ИСБН: 978-608-267-330-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Млечни заби”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in