Мојата вера
Широкиот дух на Хесе не прифаќа само едно верување. Тој отворено го критикува негативното во религиите, а го прифаќа позитивното – она што е насочено кон зголемување на човековата лична среќа и благосостојба.
Иако земјата никогаш нема да бид рај Хесе верува во луѓето како во големи, чудесни можности. Наспроти очигледната бесмисла, верува дека животот сепак има некоја смисла. Секој во себе го слуша нејзиниот глас и секој треба да работи за нејзино остварување.
Но таа постои единствено низ љубовта. Почитувајќи го библиското „Љуби го ближниот свој како самиот себе“, секој од нас може да допре до верувањето на Хесе – во луѓето, во законите на човештвото и во животот.
Reviews
There are no reviews yet.