Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Billionaire Boy: Mark Zuckerberg in his own words | Бр. на страни: 160 | Димензии: 145x205 | Корица: мека

Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови
Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.
Но вистинската приказна е нешто посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“, за да создаде неверојатно успешен бизнис?
Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија, па и понатаму, Момчето милијардер е една детална колекција од Закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.

Цена: 330 ден

499 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-665-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in