Монографија за Есма Реџепова-Теодосиевска (8. Monograph of Esma Redzepova – Teodosievska )
Монографијата „55 години Есма со нејзината песна” од Славе Николовски–Катин, е посветена на Есма Реџепова–Теодосиевска, амбасадор на ромската песна и македонски музички освојувач на сите меридијани. Име кое е познато и признато, уважено и респектирано во музиката. Вистината за Есма Реџепова– Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, претставува убав пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија.
Есма Реџепова–Теодосиевска беше најмаркантното музичко име на ромската, македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Но, таа беше и жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас која почнувајќи од првото музичко откривање на 11-годишна возраст кога ја пријавуваат да се натпреварува во радиоемисијата „Микрофонот е Ваш” во која ја освојува првата награда па сѐ до денес. На таа рана возраст станува популарна и тогаш ја забележува музичкиот уредник Стево Теодосиевски, кој набргу од Есма прави музичка дива на која успесите и концертите беа нејзин неминовен белег. Благодарение на својот ангелски глас таа стана прифатена и призната ширум светот. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам, со својата оригиналност и музичка виртуозност го освои светот и стана лесно препознатлив македонски бренд на сите континенти.
Есма Реџепова-Теодосиевска беше истакнат естраден уметник цели 55 години, јубилеј кој ретко кој може да го доживее. Таа беше неуморна на музичката естрада како гласовен гениј однегуван во неприкосновен добродетел на врвна уметничка креација. Есма владееше со волшебниот клуч на комуникацијата, срцето, емоциите и страста, па така, разгорени истите ги пренесуваше на публиката од целиот свет. Таа со неподнослива леснотија ги интерпретираше ремек-делата на македонскиот и ромскиот дух што го достигнува маестралната изведба на гласот на Кралицата на песната. Тоа излегуваше од дното на душата и со својата сила успеваше да ги расплаче и најтврдите срца, бидејќи топлината и вибрациите на нејзиниот глас ги разбудуваа и најскриените емоции кај луѓето.
The saga of Esma Redzepova-Teodosievska is a hymn for praising a human being, the lady with the voice of an angel, stage virtuosity and excellence before which millions have applauded in the world’s most prestigious concert halls on all meridians of the planet Earth.
Esma is a well-known name, recognized, appreciated, highly respected. She is respected and rewarded. A name that has been provided a high place among the stars; she has become one legend with her masterfully performances, uniqueness, countless successes and mega popularity.
This monography by Slave Nikolovski-Katin is dedicated to the music and charity heroine, Esma Redzepova-Teodosievska, the most outstanding name in the Roma, Macedonian, Balkan regions, but also in the world of folk music, one of its treasures.
It is an unusual, lively, special and very layered and interesting story that looks like a timeless chronology, dignified on these pages and between these covers, by the author, with Katin’s imagination, skill, knowledge and power of the well-chosen word and lettering immortalized in the specific kind of treasury documentation for our hero.
Reviews
There are no reviews yet.