Мостот на Дрина
Author:
Иво Андриќ
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
НА ДРИНИ ЋУПРИЈА |
Num. of pages:
404 |
Dimensions:
144x202
|
Cover:
тврда
Користејќи го мостот во Вишеград како симбол за вкрстувањето на различните култури и цивилизации, Андриќ ја раскажува приказната за подемите и падовите на империите, драматичните историски промени и пресвртите во општеството од крајот на XVI век до почетокот на Првата светска војна. Тоа го прави врз фонот на човечките судбини што се случуваат во еден микрокосмос во кој со векови живееле, љубеле и работеле едни покрај други Срби, Хрвати, Бошњаци и Евреи, христијани и муслимани.Андриќ е исклучително умешен писател кој успешно го комбинира фактографското и проверливото со светот на легендите и народните преданија, големите историски настани и секојдневните човечки драми, при што самиот чин на раскажување станува потрага по смисла и можен патоказ за човечката егзистенција.Истовремено, Мостот на Дрина е и еден од најголемите книжевни споменици за животот на луѓето од просторите наБосна и Херцеговина.
Questions and Answers
You are not logged in