Можеби треба да разговараш со некого
Author:
Лори Готлиб
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Можеби треба да разговараш со некого |
Num. of pages:
444 |
Dimensions:
21
|
Cover:
тврда
Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени. Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите. Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого. „Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“ Киркус ривју
Reviews
There are no reviews yet.