На дното и отфлен во Париз и Лондон

Publisher: ИКОНА | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Down and out in Paris and London | Num. of pages: 280 | Dimensions: 110 x 180 mm | Cover: тврда

Првото објавено дело на Џорџ Орвел, На дното и отфрлен во Париз и Лондон, е живописна и сензитивна слика на животот во состојба на потполна беда, протест против доминацијата на еден човек врз друг и возбудливо сведоштво за едно време и за луѓето со кои ја делел судбината на животот на дното. Напишана во неговите дваесетти години, кога сè уште се борел да успее како писател и кога првпат се сретнал со сиромаштијата, oвде тој макотрпно го опишува светот на сиромашните квартови во Париз, места на коишто се собираат екцентрични луѓе - луѓе коишто западнале во осаменички полулуд животен калап, и се откажале од идејата да бидат нормални и пристојни. Откривајќи им на своите читатели шокантен и скриен свет, Орвел за првпат го претстави човекот, наспроти безличната слика за сиромаштијата, упатувајќи на тоа дека луѓето од дното на општественото скалило не се таму по свој избор, или поради неспособност, туку поради лошата општествена организација, којашто спречува секаква промена кон подобро.

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 549 ден

3 in stock

Compare
Sold By ИКОНА

Report an abuse for product На дното и отфлен во Париз и Лондон

Category:
SKU: 9786082210834

Questions and Answers

You are not logged in