На пат

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: On the road | Бр. на страни: 358 | Димензии: 125х195 | Корица: /

Ода за екстатичната радост на самото постоење. На пат е ремек-делото на Џек Керуак и еден од најсилните романи на 20 век, кој го преживеа судот на времето. Овој автобиографски роман, како што се впрочем и другите книги на Керуак, е фреска на андерграундот на џезерска Америка од педесеттите години, едно вдахновено лирско-епско сведоштво за „голиот” живот на бит-генерацијата во почетоците на нејзиното осознавање, по патиштата на Америка, нејзините подруми, автобуски станици, споредни железнички колосеци, полноќни велеградски улици, ладни и евтини станчиња начичкани со млади луѓе желни за секс, во потрага по љубов, дружење, топол човечки збор во ноќта, замрачени ханки-тонк барови исполнети со џез и радосно-тажен живот, алкохол, дрога, кризи, падови, невидени екстази, љубов, отворени патишта, бескрајни прерии, богатство на внатрешниот живот наспроти материјализмот и хаосот на светот. А во средиштето на тој вител на младешко одушевување од животот, како моторна сила на генерацијата, танцува главниот јунак Дин Мориарти, или автентичниот Нил Кесиди, патник и мистик, жива инкарнација на бит-движењето.
Рангирано 5 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product На пат

Категорија:
ИСБН: 978-608-4577-39-3

1 оценка за На пат

  1. Rated 5 out of 5

    Anita Jovanova (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in